Project Background


Dr Dawn Casey PSM FAHA
Director, Powerhouse Museum


The Powerhouse Museum is pleased to produce Ties with tradition: Macedonian apron designs, a project developed in collaboration with the Macedonian Welfare Association Inc. at Port Kembla in NSW.

The project was initiated by heritage consultant Meredith Walker who wanted to know more about the Macedonian aprons brought to Australia by migrants from the region in the years after the Second World War. Meredith approached the Macedonian Welfare Association and with the support of director Mendo Trajcevski formed a research collaboration with the Powerhouse Museum's NSW Migration Heritage Centre.

Over the course of the project, 23 women were interviewed, most of whom had come to Australia from villages in the Bitola and Ohrid regions. They shared stories about the way places influenced the colours and patterns of the aprons they wore for special occasions, for everyday wear, and for working outdoors. They offered over 40 aprons that had travelled with them on their journeys to Australia, to form an exhibition at the Powerhouse.

Each of the aprons carries with it the 'code' of a particular region or village. Several of the aprons from the Ohrid region are distinguished by pink and white stripes and additional patterns and colours may refer to individual villages and a woman's age or marital status. The project aims to document this subtle 'coding' which otherwise might be lost over time. I am delighted the Powerhouse is able to share these beautiful aprons with a wider audience, and to communicate the stories that lie behind the creation of such beautifully patterned and coloured works.

My thanks to all the women and their families who have generously shared their aprons and knowledge for Ties with tradition: Macedonian apron designs. My thanks also to Meredith Walker, Mendo Trajcevski and the team at the Powerhouse Museum who realised the exhibition.



Предговор


Др. Дон Каси PSM FAHA
Директор, “Powerhouse” музе


“Powerhouse” музејот со задоволство ја издаде книгата Врски со традицијата: Дизајни на македонските фути, проект кој се одвиваше во соработка со Македонското Добротворно Здружение во Порт Кембла во НЈВ.

Проектот беше иницијатива на советничката за културно наследство Мередит Вокер која што сакаше да дознае повеќе за македонските фути донесени во Австралија од доселениците во регионов во годините по Втората Светска Војна. Мередит му се обрати на Македонското Добротворно Здружение и во соработка со директорот Мендо Трајчевски формираја заедничко истражување со Центарот за Миграционо Наследство при “Powerhouse” музејот.

За време на проектот 23 жени беа интервјуирани, повеќето од кои дошле во Австралија од селата на Битолскиот и Охридскиот регион. Тие раскажуваа приказни за начинот на кој местата влијаеле на боите и шарките на футите што ги носеле за специјални прилики, со секојдневната облека и за работа надвор. Тие понудија повеќе од 40 фути кои патувале со нив по патот до Австралија за да се направи изложба во “Powerhouse”.

Секоја од футите го носи „обележјето“ на одреден регион или село. Неколку фути од Охридскиот регион се истакнуваат со розеви и бели риги и дополнителни шарки и бои со кои можат да се идентификуваат посебни села, возраста на жената или брачната состојба. Проектот има за цел да го документира ова деликатно „обележје“ кое инаку може да се изгуби со текот на времето. Чест ми е што музејот ќе може да ги подели овие прекрасни фути со пошироката јавност и да ги пренесе приказните кои се кријат во креацијата на овие прекрасно дизајнирани и обоени рачни изработки.

Им благодарам на сите жени кои од се срце ги поделија своите фути и нивното знаење за Врски со традицијата:Дизајни на македонските фути. Исто така и благодарам и на советничката Мередит Вокер, Мендо Трајчевски и на тимот од музејот “Powerhouse” кои ја реализираа изложбата и ова издание.